Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО има сведоци кои потврдуваат дека функционери местеле избори?

СЈО има сведоци кои потврдуваат дека функционери местеле избори?

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има сведоци кои потврдуваат дека високи функционери на власта местеле избори, објави „Мета“. 

Сведоците засега се заштитени и имињата ги знаат само неколку обвинители за да се заштити нивната приватност.

„ СЈО има сведоци кои потврдуваат дека се местеле избори. Тие ќе го урнат митот за чиста победа на владејачката гарнитура“ – брифира извор близок до СЈО за „Мета“.

Од СЈО велат дека освен материјални, имаат и вербални докази, меѓутоа во интерес на истрагата не можат да откријат повеќе детали. 

На 12 февруари годинава, СЈО ги осомничи екс министрите за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на владата и други непознати лица, како сторители на кривични дела против изборите и гласањето. Ова е првиот случај за кој Специјалното обвинителство (СЈО) на Катица Јанева поведе истражна постапка, а се води под името „Титаник“. Поднесени се обвиненија и против пет судии од Управниот суд, како и против четири члена на ДИК од 2013 година.


Слично

Поврзани вести