Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЈО И СИТЕ ТАМУ БЕА 'ЦРПНАТИ' ЗА ДА ДАДАТ ОДГОВОР“: Јанкулоска за застарувањето на случајот „Талир 1“

„СЈО И СИТЕ ТАМУ БЕА 'ЦРПНАТИ' ЗА ДА ДАДАТ ОДГОВОР“: Јанкулоска за застарувањето на случајот „Талир 1“

Застарел дел од случајот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, со што судењето по шести пат одново ќе започне следната недела.

По тој повод се огласи екс министерката Гордана Јанкуловска.

„Застарел дел од предмет што ниту можело ниту требало да биде предмет на кривично гонење ако барем некои од оние кои се занимавале со него се држеле до законот, правдата и правото, а не се воделе од политички диктати. СЈО и сите таму, беа “црпнати” за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7. Се занимаваа со се освен со тоа за што беа формирани. Водеа кадровска политика во политичките партии преку политички прогон, “билдаа” партиски рејтинзи за изборни цели, преку закани и притисоци одбираа владини партнери не според освоени гласови туку според дневно политички потреби, и сега проблем бил Кривичниот законик од 2023 (кој сам по себе е тема за посебна дебата). Не е ниту до тој ниту до било кој друг закон. До правниците е, кои во се гледаа математика и тераа политика, си кркаа незаконски бонуси и десет години парадираа до судовите како холивудски ѕвезди и градеа метеорски кариери ама не заради резултати или квалитет туку заради сервилност кон претходната власт!“, напиша таа.




Слично

Поврзани вести