Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО го сомничи лидерот на ВМРО ДПМНЕ за незаконско финансирање на партијата

СЈО го сомничи лидерот на ВМРО ДПМНЕ за незаконско финансирање на партијата

Последната истрага на СЈО соопштена денеска е истрагата „Талир“.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи откри дека во неа  станува збор за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

Во овој случај како што рече Фатиме постои основано сомнение дека и покрај тоа што на првоосомничениот како претседател на политичката партија му биле добор познати законските ограничувања сепак истиот во периодот од 2009 до крајот на  2015 овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби при што мотивите на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа а биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ во партијата и државата.

„Постои основано сомнение дека првосомничениот ги прифатил незаконските средства за финансирање на политичката партија и истите не ги вратил на лицата од кои потекнуваат и истите ги задржал и потоа овозможил кумулирање на противзаконски капитал за финансирање на политичката партија“, рече Фатиме.

Обвинителката додаде дека постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања.

Доказите кои беа обезбедени во досегашниот тек на постапката, упатуваат на основано сонмение дека првоосомничениот со цел со парите кои потекнуваат од кривичното дело кое го сторил да овозможи финансирање на партијата формирал група на лица која ќе се занимава со перење на пари и заедно со други лица овозможиле средствата кои потекнуваат од кривично дело преку месните организации на политичката партија да бидат внесени во жиро сметката на партијата.

„Има основано сомнение и дека внесувањето на жиро сметката било извршено преку готовински уплати при што во уплатниците биле внесувани неточни податоци и преку злоупотреба на личните податоци на членството на политичката партија биле вршени уплати на незаконски стекнатите пари и биле злоупотребени речиси 4,9 милиони евра“, рече Фетаи.

Вкупно во овој предмет се осомничени 14 лица.

Слично

Поврзани вести