Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО го одби барањето на Зврлевски против законитоста на притворот за Кочан

СЈО го одби барањето на Зврлевски против законитоста на притворот за Кочан

СЈО го одби барањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски за заштита на законитоста на одредениот притвор за бизнисменот Сеад Кочан првообвинет во предметот Труст што беше доставено до Врховниот суд. 

ОЈО не може да води постапки за предмети кои ги води СЈО што е спротивно на законот. Претходно притворот за Кочан беше одобрен и од Кривичниот суд како првостепен орган и од Апелациониот суд.

„Јас како Јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денеска, со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија, го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“ – стои во соопштението на Јанева.

Постапката на Зврлевски е навистина невообичаена и претставува уште еден обид за блокирање на работата на СЈО. Во меѓувреме Сеад Кочан и натаму е недостапен за органите на прогонот и е во бегство.


Слично

Поврзани вести