СЈО го „чешла“ имотот на екс функционерите од УБК кои се во бегство?
Две недели екс функционерите од УБК се во бегство, а исто толку време специјалните обвинители го чешлаат нивниот имот.
Информации за имотната состојба на поранешниот началник на 5-та Управа, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски прибираат од УЈП, катастар, банки, дознава тв 24. Доколку обвинителите на Катица Јанева регистрираат дека нивната имотна сосстојба и имотот на блиското семејство пораснала откако стапиле на функција може да им се стави на товар уште едно кривично дело незаконско богатење.
Според доказите на СЈО тие направиле штета врз државниот буџет од 1,4 милиони евра уништувајќи го еден од системите со кој се прислушувал во МВР. Врз основа на штетата СЈО може да побара и замрзнување на имотот. Но, засега не откриваат дали нашле нешто сомнително до сега.
