Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО го бара „Сопот“ кој се спомнува и во „бомбите“

СЈО го бара „Сопот“ кој се спомнува и во „бомбите“

Специјалното јавно обвинителство до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  поднело барање за доставување на предметот познат во јавноста како „Сопот".

Од СЈО на четврти ноември го побарале случајот „Сопот“. 

„Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации“ - соопштија од СЈО.

Во судскиот процес 11 Албанци беа осудени на вкупно 156 години затвор. Беа
прогласени за виновни дека поставиле мина во 2003 година во село Сопот, кумановско, при што загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивил.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „бомбите“ објави еден разговор од прислушуваните разговори поврзан со овој случај.

Од разговорот меѓу екс министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и ексшефот на УБК, Сашо Мијалков се дознава дека за невини граѓани лежеле затвор за овој случај.




Слично

Поврзани вести