Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ги сомничи Груевски и Ахмети за намерно прекинување на пописот

СЈО ги сомничи Груевски и Ахмети за намерно прекинување на пописот

Во првата нова истрага од вкупно три кои СЈО ги отвори по подолго време главни осомничени се политичари од највисок ранг. Според СЈО во предметот „Попис“ постои основано сомневање дека Никола Груевски и Али Ахмети како лидери на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ направиле договор да го спречат спроведувањето на пописот.

Тие според СЈО постои сомневање дека Груевски и Ахмети ја злоупотребиле службената положба иако во тоа време екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше премиер, а лидерот на ДУИ пратеник без висока државна функција. 

СЈО засега нема правна можност да покренува нови обвиненија пред судот, а чека политичко решение за нов закон или дополнување на законот.

Слично

Поврзани вести