Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО: Екс началник на УБК нарачал лажен извештај за да покаже дека прислушувале „Странски служби“

СЈО: Екс началник на УБК нарачал лажен извештај за да покаже дека прислушувале „Странски служби“

Првата истрага која СЈО ја објави денес е под името „Странски служби“.

Во неа како што информира обвинителката Фатиме Фетаи, се осомничени две лица, едно директен извршител, а другото како поттикнувач. 

Тие  нарачеле лажен извештај кај странска компанија со кој сакале да ја потврдат тезата на тогашниот државен врв дека нелегалното прислушување во земјава го извршиле странски служби

Првоосомничениот е поранешен началник за оперативна техника во УБК 

„По барање на еден од осомничените, тогашен началник за оперативна техника во УБК, странска компанија изготвила извештај во кој е наведено дека на подрачјето на град Скопје со своја опрема детектирале нелегални активности поврзани со клонирани или со дупли базни станици. Ваквиот извештај требало да ја потврди тезата на тогашниот државен врв дека странски служби го извршиле масовното незаконско прислушување - рече Фетаи.

Според обвинителката, свој интерес за да изготви невистинит извештај имала и странската компанија, која со фаворизирање на осомничените добила тендер за набавка на опрема за МВР. 

СЈО објави вкупно седум нови истраги.

Слично

Поврзани вести