Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО бара притвор, Пешевски си го бара пасошот назад

СЈО бара притвор, Пешевски си го бара пасошот назад

Специјалното јавно обвинителство и екс вицепремиерот со неговата одбрана ги соочија аргументите во жалбената постапка пред Апелациониот суд. СЈО бара да се поништи одлуката на Кривичниот суд и да се одобри барањето за мерка притвор бидејќи Пешевски е имотен човек со учество во странски компании, а поседува и дипломатски пасош со важност до почетокот на следната година. Исто така постои опасност дека ќе влијае врз сведоци.

„А во моментот кога сведокот што го предложи СЈО е викнат во Обвинителството, обвинетиот не го контактирал СЈО, туку директно го контактирал сведокот. Пак го викаме сведокот, пак Пешевски му се јавува и контактира со него. Оттука стои и опасноста од влијание врз сведоците во постапката, поради што бараме мерка притвор. Ако тој сведок не го повтори на главен претрес тврдењето што го дал во истрагата, бадијала му е на обвинителит што му зел изјава”, објасни обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО зошто бара мерка притвор за обвинетиот Пешевски.

Владимир Пешевски се бранеше дека со одземањето на пасошот исто како да му била изречена пресуда бидејќи нема да може да работи.

“Со тоа што ми го одзедовте пасошот, ми изрековте пресуда, ме осудивте. Нозете ми ги отсековте. Цела година е ќе треба да останам овде, да не работам и на крајот ќе останам без работа. Во животот прекршок еден немам направено”, рече пред советот обвинетиот Пешевски.

Пешевски е обвинет во предметот Траекторија за проневера на државни пари во висина од 156 милиони евра од Буџетот во изградбата на автопатите со кинески кредити.


Слично

Поврзани вести