Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО БАРА: На Груевски, Протуѓер, Димовски и Ристовски да им се конфискува имот од 2,2 милиони евра

СЈО БАРА: На Груевски, Протуѓер, Димовски и Ристовски да им се конфискува имот од 2,2 милиони евра

Специјалното јавно обвинителство  за случајот „Титаник“ бара на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, на поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протоѓер, на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Илија Димовски и на обвинетиот Леко Ристовски,  солидарно да им се конфискува имот во вредност од 2,2 милиони евра.

Оваа сума на пари, според тимот на обвинителката Катица Јанева, одговара на незаконски обезбедените средства за финансирање на изборните кампањи на партијата во 2011, 2013 и во 2014 година.

СЈО на својата нова интернет-страница ги објави обвинителните акти за сите случаи што ги отвори, а кои се поврзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Слично

Поврзани вести