Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО бара изземање на претседателот на Врховен суд, се сомневаат дека Вангеловски може да биде пристрасен

СЈО бара изземање на претседателот на Врховен суд, се сомневаат дека Вангеловски може да биде пристрасен

Специјалното јавно обвинителство денеска поднесе Барање за изземање на претседателот на Врховниот суд. 

Оттаму велат дека барањето е поради тоа што  претседателот на судот Јово Вангеловски е опфатен во јавно објавените телефонски разговори и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд.

„Во согласност со препораките на Европскиот суд за човекови права, непристрасноста на судот е една од основните гаранции на правото на правично судење, така што секое сомнение за пристраснот треба да биде отстрането“, соопштуваат од СЈО.

Изземањето се однесува по одлучувањето за барањето на обвинителството на Марко Зврлевски да се укине притворот на Сеад Кочан.

СЈО се сомнева во неговата непристрасност поради објавениот разговор помеѓу него кога беше исто претседател на Врховниот суд и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во врска со случајот “Глобал“.

Во ексклузивното интервју на Телевизијата 24 адвокатот Вангеловски призна дека гласот во бомбите е негов, односно неговиот разговор со екс министерот за труд и социјална политика Миле Јанакиески е веродостоен.

Меѓудругото, Вангеловски најави коректна соработка со Специјалното јавно обвинителство.

Слично

Поврзани вести