СЈО 2017 ќе ја испрати со рочиште за Триста
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи последното судско рочиште по предметот „Триста“ кој го води Специјалното јавно обвинителство, а се води против првоосомничениот поранешен помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски кој е обвинет за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.
Поповски се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди. Во предметот „Триста“ според одлуката на Апелацискиот суд прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал
