СИТКО АНТОНИО СЕ „ПОДНОВИ“ СО НОВИ АКЦИИ ОД РЕПЛЕК - компанијата сега поседува 6,40 отсто од вкупниот број
Фарамцевсктата компанија Реплек известува дека има нови промени кај сопствништвото на акции од компанијата, објавија на Македонска берза.
Имено, компанијата Ситико Антонио ДООЕЛ Скопје сега е сопственик на уште 50 нови акции од Реплек, со што истата го згоелмува својот уддел кој сега достигнува 6,40 отсто.
Воедно компанијата е поврзана и со Антонио Георгиевски, кој е претседател на Надзорниот одбор на Реплек.
- Согласно Правилата за котација, известуваме за промени кај акционери со значителни удели:
Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува
Акционер со над 5% односно компанијата ДРУШТВО ЗА ТРГОВИЈА И УСЛУГИ СИТКО АНТОНИО ДООЕЛ СКОПЈЕ кое е поврзано лице со Антонио Георгиевски – Претседател на Надзорниот одбор на Реплек АД Скопје се стекна со 50 нови акции, со што поседува вкупно 16.600 или 6,40 % од вкупниот број на акции - се посочува во објавата.
