Сител 3 може да го угаси светлото
Третиот канал на Сител ја изгуби лиценцата за емитување на ТВ сигнал откако Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе одлука поради неплатени обврски, па е пред закана за целосно гасење од македонскиот медиумски телевизиски етер.
„Трговското радиодифузно друштво Телевизија СИТЕЛ 3 ДООЕЛ Скопје, е имател на дозвола за телевизиско емитување од 5 јануари 2015 година, за емитување преку сателит, на државно ниво, на територија на Република Македонија, телевизиски програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик“, пишува во образложението од Агенцијата.
Годишниот надоместок кој Сител 3 не го платила е 3.456.869 денари денари. Одлуката е конечна и Сител 3 има рок од 30 дена да поднесе жалба.
Сител 3 е во сопственост на семејството Иванови и претежно емитува стара програма, освен повремено некоја забавна емисија.