„СИТЕ ЗАМИНУВААТ ОД БРИКС ПОРАДИ НАШИТЕ ЦАРИНИ“ - изјава која изненади многумина
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека сите земји што сакале да бидат дел од БРИКС се откажале од тие амбиции поради американските царини.
„Им кажав на сите што сакаа да бидат во БРИКС дека тоа е во ред, но ние ќе воведеме царини на нивните земји. Сите се повлекоа. Сите се откажаа од БРИКС. БРИКС е напад врз доларот и реков „ако сакате да ја играте таа игра, ќе воведам царини на сите ваши производи што доаѓаат во САД“. Тие рекоа, како што реков, „го напуштаме БРИКС“... Тие веќе дури и не зборуваат за тоа...“, рече Трамп на прес-конференција во вторник, како што денес објави азиската новинска агенција АНИ, повикувајќи се на снимка од Белата куќа.
Трамп нагласи дека политиката на САД со заканата од царини била одлучувачки фактор за повлекувањето на земјите од планираното членство во економскиот сојуз БРИКС.
