СИТЕ ЗАГИНАТИ СЕ МЛАДИ ЛУЃЕ ОД 20-30 ГОДИНИ И ТИНЕЈЏЕРИ: Најголем дел се наши граѓани, но има и од Србија
Премиерот Зоран Заев, кој веќе е во Бугарија, изјави дека поголема трагедија од оваа нема. Сите
загинати во автобуската несреќа се деца и млади луѓе, кои се наши сограѓани, но
имало и од Србија.
-Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца – 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години. Најголем дел се наши граѓани, но има и од Србија, изјави Заев за МИА.
Деталите допрва ќе се утврдуваат, но најверојатно, како што нагласи Заев,
тие се враќале од екскурзија.
Слично
