Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сите вработени во Министерството за односи меѓу заедниците имаат здравствено осигурување“: Стоилковиќ вели само со почит ќе имаме резултати

„Сите вработени во Министерството за односи меѓу заедниците имаат здравствено осигурување“: Стоилковиќ вели само со почит ќе имаме резултати

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците преку социјалните мрежи реагираше на објави на медиумите и укажа дека платата во министерството е исплатена на сите вработени, без оглед на која етничка заедница припаѓаат. 

- Ве информирамe, како за потсетување на шовинистите, дека сега во Министерството за односи меѓу заедниците работат и припадници на другите заедници, а не само на албанската, и сите вработени имаат здравствено осигурување. Министерството редовно ги исполнува сите законски обврски во однос на пријавувањето и обезбедувањето на правата не само од здравственото осигурување, туку и од други бенефиции што произлегуваат од работните односи. Доколку имате потреба од дополнителни информации или појаснувања, ве молам да се обратите до СОЗР како надлежна институција за пресметка на плати и придонеси на Министерството за односи меѓу заедниците.

П.С. Од марксистичко-ленинистичката школа во новинарството и политиката не се ни очекува ништо друго освен омраза, лаги, инсинуации и подметнувања, кои во крајна инстанца не градат иднина. Само со почит и соработка можеме да оствариме реални резултати во работењето и функционирањето на државата во целина - истакна тој на социјалните мрежи. 



Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести