Сите служби ангажирани да го „светнат“ Охрид за Помпео
Охрид треба да „светне“ за утрешната посета на Мајк Помпео, државниот секретар на САД, а локалните служби, институции и јавни претпријатија се целосно мобилизирани.
„Охридски комуналец“ со свои екипи ги косат тревниците и ги мијат улиците, особено во оние делови на градот каде е предвидено да се движи делегацијата при нивната посета на Охрид.
Отстранети се сите контејнери на трасата каде ќе минува високата американска државна делегација и се одржува висок степен на хигиена во градот со дежурни екипи што постојано се на терен, според препораките од надлежното министерство.
Дежурни екипи долж булеварот „Туристичка“, како и во Стариот дел на градот вонредно ќе го собира сметот.
Преместени се сите возила од паркинг-местата долж булеварот „Туристичка“ и неколку улици во Стариот дел на градот, каде ќе минува делегацијата.
Полицијата дури ги запишува и регистарските таблички на возилата што се движат низ градот, известуваат локалните медиуми.Помпео, според најавите, треба да слета на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
