Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите што се вакцинирани во Србија со друга вакцина освен АстраЗенека, ревакцината може да ја добијат во Македонија

Сите што се вакцинирани во Србија со друга вакцина освен АстраЗенека, ревакцината може да ја добијат во Македонија

Вакциналниот процес во Македонија се одвива без никакви затсти, а граѓаните во моментов се вакцинираат со неколку вакцини, односно Фајзер, Спутник V, Синофарм и со АстраЗенека која се аплицира само на на постари од 60 години.

-Вакцинацијата се одвива добро. Тука денеска се ревакцинираат после три недели граѓаните кои ја примија вакцината Спутник. Тоа се оние 7.000 дози од вкупно 20.000 дози кои стигнаа во саботата доцна навечер, а опстанатите ќе стигнат денеска подоцна. Денеска ќе стигнат и останатите 10.000 дози од директниот договор кој го постигнавме со Фајзер и го добивме оној распоред според кој секој понеделник ќе стигнуваат по 4.000 до 7.000 вакцини. Има неколку пункта во државата освен во Скопје каде може да се распоредуваат овие вакцини. Завршува и процесот на опремување на спортските сали во неколку училишта во државата каде ќе почне масовната вакцинација откако ќе стигнат поголемите количини вакцини. 200.000 дози од Синофарм на 28 април ќе бидат подигнати во Пекинг, на 30 април ќе стигнат во Белград преку Истанбул, и после со специјален ланец на камиони ќе стигнат во Скопје, каде ќе бидат сместени во „ладната соба“ во поликлиника „Јане Сандански“, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој нагласи дека сите граѓани кои се вакцинираа во Србија со други вакцини, освен со АстраЗенека, можат да бидат ревакцинирани во Македонија.

Тој истакна дека бројките на новозаразени се намалуваат, епидемиолошката крива е во опаѓање и сега има тренд бројот на испишани пациенти во болниците да биде поголем од примените пациенти. Се намалува и притисокот во болниците, па дел од одделенијата ќе престанат да бидат ковид-центри.

-За ова дискутираме на секој утрински состанок. Веќе е испразнето одделението за урологија и во текот на неделава ќе се врати на редовниот тек на работа, а после празниците во функција ќе се врати и Клиниката за пластична хирургија, значи се први се ослободуваат хируршките одделенија, но Клиниката за трауматологија се уште ќе биде во функција на болните од ковид, рече министерот Филипче.

А.Б.


Слично

Поврзани вести