Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите се кренаа на нозе против Центарот за македонски јазик во Грција

Сите се кренаа на нозе против Центарот за македонски јазик во Грција

10 грчки партии, здруженија и обвинителот бараат укинување на Центарот за македонски јазик.

Вкупно 10 постапки се водат во грчкиот суд против Центарот за македонски јазик во Грција, дознава „Фокус“. Станува збор за барања или поплаки поднесени до судот од трети страни, во кои се бара регистрацијата на граѓанското здружение да биде укината. Освен овие барања поднесени од трети страни, и обвинителот на Лерин покрена постапка за укинување на регистрацијата во која се повикува на Преспанскиот договор и на толкувањето дека македонскиот јазик постои само во границите на Република Северна Македонија. 

Центарот за македонски јазик во Грција неодамна упати барање до министерoт за образование и религија Ники Керамеос, за воведување на македонски стандарден јазик како изборен курс во основните и средните училишта во регионите на северна Грција. Тие побарале и средба во Министерството за да разговараат на оваа тема. 

Златна зора во декември минатата година протестираше во Лерин против отворањето на новиот Центар за македонски јазик.

Членовите на оваа партија се собраа во новиот парк во Лерин на протест против регистрацијата на грчките судови на Центарот за македонски јазик и против какво било организирање на „скопјаните или Македонците“.

Слично

Поврзани вести