Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите разлики во ДУИ се надминати, тврди Ахмети

Сите разлики во ДУИ се надминати, тврди Ахмети

Сите разлики во ДУИ се надминати, тврди лидерот  на партијата, Али Ахмети. 

Партијата  ги отфрли гласините за поделби во партијата, нарекувајќи ги заговор во јавноста. Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција синоќа изјави дека на вчерашниот состанок на централното партиско раководство сѐ било разјаснето и сите разлики биле надминати. Ахмети изјави дека состаноците на оваа ниво во последните месеци немало поради пандемијата.

„Сите дилеми се расчистени и не се остави простор за друго алиби. Не се работи за одлуки, тоа е потреба на време бидејќи епидемијата предизвикана од ковид-19 го направи своето. Целта на овој состанок беше јавноста да види директно дека ДУИ е и ќе биде сплотена и уште подобро организирана. Дискутирани се сите прашања, јавноста е заинтересирана затоа што имаше различни информации во отсуство на овие состаноци поради пандемијата, но јас ги уверувам сите дека сѐ е разјаснето на оваа средба. ДУИ е добро организирана, затоа што сите сме единствени и унифицирани. Сите разлики меѓу нас се надминати“, рече тој. 

За оставки не се зборувало на состанокот. 

Слично

Поврзани вести