Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ПРИПАЃААТ НА ГРУПАТА БИСЕКСУАЛЦИ - тројца млади мажи од земјава се заразиле со сида во јули годинава

СИТЕ ПРИПАЃААТ НА ГРУПАТА БИСЕКСУАЛЦИ - тројца млади мажи од земјава се заразиле со сида во јули годинава

Тројца млади мажи во земјава се заразиле од сида смо во текот на јули, говорат податоците од Билтенот на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје. 

Овие показатели зборуваат дека во текот на јули има пријавено три случаи на ХИВ/СИДА, и сите од машки пол.

Едниот е на возраст од 20 до 24 години, вториот од 35 од 39 и третиот од 40 до 44 години. Според местото на живеење, трите лица се од Струга, Велес и Скопје и сите припаѓаат на групата бисексуалци. Пријавено е едно починато лице од ХИВ/СИДА од машки пол на возраст од 50-54 години од Скопје.

Согласно постоечката евиденција, како што покажуваат податоците, заклучно со 31 јули 2022 година кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Северна Македонија, за периодот 1987 – 2022 година изнесува 567, од кои 120 починале, а 443 живеат со ХИВ/СИДА.

Слично

Поврзани вести