СИТЕ ПРЕДМЕТИ ОД СЈО ДА ОДАТ ВО ОЈО: Ќе пресуди Јовески
Државниот обвинител Љубомир Јовески сега ја има одлуката во раце-дали сите предмети од СЈО ќе завршат во ОЈО ќе пресече токму тој.
Ова следи откако Катица Јанева која се најде во притвор како трета осомничена со писмо од затворот им „наредила“ на обвинителите од СЈО да ги предадат предметите.
Според соопштението од СЈО тоа се кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.
Денеска пак ќе се решава и за разрешувањето на Јанева.
Слично
