СИТЕ ПОДЕЛБИ СЕ ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ОДГОВОРНОСТА ОД ДОЛГОГОДИШНИОТ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА: Хајредини ги спомена и Заев и Груби
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини кој во јавноста е познат по коментирање на тековните случувања, се огласи со коментар за поделбите во опозициските партии.
„Сите поделби, несогласувања и прегрупирања на опозициските партии се случуваат со цел да се избегне одговорноста за долгогодишниот криминал и корупција од оние кои се вмешани со измените на Кривичниот законик, со „бомбите“ на Заев и Артан Груби, осомничените и, спротивно на меѓународното право, амнестијата за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Причината не е ниту недостатокот на „легитимитет“ ниту „вазалството“ на никого“, напиша тој.
Слично
