СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ АМА ПРЕД ДА ТРГНЕТЕ, ПРОЧИТАЈТЕ КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО - се огласија од ЈП Македонија пат
Се огласија од ЈП Македонија пат, во врска со состојбата на патиштатата.
Ве информираме дека ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта - Македонија пат, со сите расположливи екипи е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта.
По добиените информации од терен, сите државни патни правци се проодни за сообраќај, истиот се одвива во зимски услови и по влажни коловози.
Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови, притоа:
-задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата
-внимателно да управуваат со возилата,
-да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација,
-да ja прилагодат брзината спрема условите на патот
Исто така апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
ЈП за државни патишта и ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.
