Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите од домашен притвор одат во истражен затвор Шутка

Сите од домашен притвор одат во истражен затвор Шутка

Откако Јавното обвинителство на Република Македонија поднесе жалба до повисокиот суд сите шестмина осомничени од истрагата за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април која се води под сомнежи за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од домашен притвор ќе добијат потешка мерка на обезбедување со притвор.

Апелациониот суд ги прифати сите жалби на ЈОРМ кои беа поднесени поради одлуките на Основниот суд Скопје 1 за одредување мерка на претпазливост домашен притвор.

Во јавноста се коментираше дека судот имал двојни аршини при неговата одлука за дел од осомничените да донесе одлука за домашен притвор, а за други 30 дневен притвор во истражниот затвор Шутка. 

Веќе има информации дека дел од тие што добија домашен притвор се повторно приведени од полицијата и пренесени во истражен затвор каде ќе го поминат рокот предвиден во мерката на обезбедување, бидејќи одлуката е правосилна иако има можност за жалба која не го спречува нејзиното извршување.

Слично

Поврзани вести