Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ИВАНОВ: Ќе каже ли „ДА“ за ратификуваниот договор или ќе стави џебно вето

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ИВАНОВ: Ќе каже ли „ДА“ за ратификуваниот договор или ќе стави џебно вето

Парламентот денес даде уште едно зелено светло за ратификација на договорот за името со Грција, бидејќи шефот на државата првиот пат одби да го потпише документот.

Со 69 гласови „ЗА“, еден воздржан и без присутната опозиција, како и првиот пат на 20 јуни после што Иванов го извести Собраниeто дека одлучил да не го потпише указот за прогласување на договорот со Грција, ратификацијата помина.

Иванов претходно неколкупати кажа дека тој документ никако нема да го потпише „без разлика на сите притисоци, уцени и закани“.

Очите на сите сега се вперени во Иванов. Многупати тој потенцираше дека ќе употреби џебно вето и покрај Уставот кој му ја наложува таа обврска а ако шефот на државата не го потпише указот и по втор пат, едно од можните решенија е договорот со Грција да биде испратен во Службен весник.


И пред гласањето и потоа, апели до Иванов да стави потпис на договорот

Најпрво собранискиот спикер Талат Џафери, му порача на претседателот дека овој пат има обврска да го потпише договорот.

„Претседателот на Република Македонија е должен да го потпише указот доколку собранието го донесе законот со мнозинство од 61 пратеници во трето читање“ - кажа Џафери.


Опозицијата цврсто стои на ставот

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев  преку соопштение до медиумите вели опозицијата нема да биде дел од капитулацијата во кршење на процедури и жестоко се противат на сето тоа.

Власта пак со спротивни пораки. Иванов да стави потпис порача премиерот.

Заев вели дека би било убаво шефот на државата да се потпише на Договорот и пак нека си стои на своите ставови.

„Тие се легитимни ставови и секој има право на тоа. И покрај тоа што се согласувам со многу ставови на претседателот,со овој не е така. За ова прашање не се согласуваме, но законите и Уставот не обврзуваат како да постапуваме - потпишан Закон, апсолутно влегува во сила, но референдумот е конечен“- истакна премиерот.


Костадин Костадинов пратеникот од редовите на СДСМ  рече дека претседателот Ѓорге Иванов е должен да го потпише договорот а тој факт го поткрепи со мнозинството од 69 гласа „ЗА“.

Костадинов потенцираше дека ако постапи спротивно, шефот на државата ќе направи кривично дело и ќе излезе надвор од неговите надлежности, а директно ќе се вмеша во законодавната власт, односно, Собранието.

Слично

Поврзани вести