Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИТЕ ОЧИ ЌЕ БИДАТ ВПЕРЕНИ ВО ЧУЧУЉ“: Еве какво мислење има екс претседателката на ДКСК, Ивановска, за предлогот за нов претседател на Комисијата

„СИТЕ ОЧИ ЌЕ БИДАТ ВПЕРЕНИ ВО ЧУЧУЉ“: Еве какво мислење има екс претседателката на ДКСК, Ивановска,  за предлогот за нов претседател на Комисијата

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска, во неодамнешното гостување во ТВ Сител, го даде своето мислење за Адем Чучуљ, кој едногласно беше избран како предлог за иден претседател на ДКСК.

„Адем Чучуљ навистина има извонредно искуство. Работата останува понатаму на него да се избори да ја одигра улогата на претседател на ДКСК. Не е само искуството, бидејќи сите очи ќе бидат вперени во него. Тој треба да ја подобри транспарентноста, комуникациите со јавноста, треба да се избори и со останатите членови кои до сега беа малку потивки, поповлечени во работењето. Не знам дали ќе успее, а би требало да успее да наметне нов начин, нов принцип на работа кој ќе придонесе за надминување на овие слабости кои се нотирани во извештајот на Европската комисија“, истакна таа.



Слично

Поврзани вести