Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите невакцинирани воспитувачки и наставнички ќе мора да примат вакцини

Сите невакцинирани воспитувачки и наставнички ќе мора да примат вакцини

Воспитувачки и наставнички од предучилишните установи ќе мора да се вакцинираат доколку при претходни проверки нивниот вакцинален статус покаже дека се невакцинирани, сите невакцинирани здравствени работници задолжително ќе бидат вакцинирани со две дози на МРП а дполнителна вакцинација со МРП ќе биде понудена за  некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14, а помлади од 60 години.

Ова се дел од препораките кои министерството за здравство ги донесе денеска за спречување на натамошно ширење на епидемијата со морбили.

Здравствените власти меѓудругото бараат и строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава, воведоа забрана за посети во стационарни здравствени установи ширум земјава а бараат и почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за детски болести, и да се намали стапката на интра-хоспитално ширење на инфекцијата.

Како што беше најавено минатата недела, денеска министерот за здравство Венко Филипче заедно со Комисијата за заразни болести донесе одлука за прогласување на епидемија на морбили . Малите сипаници ја окупираат државата веќе подолг период а однесоа и неколку жртви.

Прогласувањето на епидемијата беше неминовен чекор со цел да се намали бројот на новозаболени.


Слично

Поврзани вести