Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ НАДВОР, САМО ЕДЕН ДОМА: Кој пратеник остана единствен во куќен притвор

СИТЕ НАДВОР, САМО ЕДЕН ДОМА: Кој пратеник остана единствен во куќен притвор

Речиси сите пратеници кои се обвинети за крвавиот четврток се ослободени од куќен притвор.

Единствено за кој Апелација нема одлука е пратеникот Крсто Мукоски.

Од куќен притвор излегоа Љубен Арнаудов и Сашо Василевски и двајцата од опозициската ВМРО ДПМНЕ кои ќе се бранат од слобода.

Василевски кој веќе ќе може да доаѓа на собраниските седници даде гаранција од  400 000 евра а Арнаудов од 300 000 евра.

600 000 евра гаранција пак неодамна плати екс директорот на БЈМ Митко Чавков а засега во Шутка остануваат уште 11 лица кои се гонат за истото дело како и погореспомнатите а уште единаесетмина се и во домашен притвор. 

Обвинетите за настаните од 27 април останаа и без своите адвокати. На следното рочиште ќе ги брани адвокат назначен по службена должност, бидејќи претходните им се казнети и по 1000 евра од адвокат, поради како што кажа судијката Добрила Кацарска, нарушување на јавниот ред и мир.

Слично

Поврзани вести