Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ МУ ВЕЛАТ ДЕКА Е ЛУД: Продал се што има и купил биткоини

СИТЕ МУ ВЕЛАТ ДЕКА Е ЛУД: Продал се што има и купил биткоини

Диди Тајхуту(39) решил куќата да ја продаде делумно за биткоини и да живее со семејството во камп во покраината Лимбург во Холандија. 

Продава и автомобил, бицикл, играчки од децата, облека...

Со парите купува биткоини и други криптовалути и верува дека еден ден ќе стане богат. 

„Луѓето ми велат дека сум луд. Но, ние ќе се коцкаме и ќе живееме скромно. Животот е здодевен ако не ризикувате“ - вели тој. 

Заедно со сопругата летово ја донел одлуката да продадат имот и да купат биткоини. 

Тие претходно девет месеци биле на патување во Азија и Австралија, каде сретнале луѓе кои поседуваат биткоини и ден денес се во контакт со нив. 

„Тие имаат искуство во тргувањето, а мене тоа ми фали“ - додава Холанѓанецот. 

Тој вели дека вредноста на овие валути скокнала и до 10 или 20 пати и се надева дека на тој начин ќе се збогати во иднина. 

Слично

Поврзани вести