Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ МЛАДИ КОИ ПОЧИНАА ОД КОВИД СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ: Апелот е насочен за граѓаните над 18 години да се вакцинираат

СИТЕ МЛАДИ КОИ ПОЧИНАА ОД КОВИД СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ: Апелот е насочен за граѓаните над 18 години да се вакцинираат

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција посочи дека состојбата со корона вирусот во Македонија спласнува, но ситуацијата е се уште сериозна заради што апелираше да се вакцинираат што повеќе млади луѓе. Вели дека најголем индикатор за тоа каква епидемиолошка состојба имаме се амбулантските прегледи.

-На Клиниката за инфктивни болести, сега има околу 120 прегледи дневно, намален е и притисокот во болниците. Во Тетово во моментов болнички се лекуваат 90 пациенти, за разлика од претходниот период кога имаше и 120 хоспитализирани. Најголем број од хоспитализираните пациенти кои се вакцинирани имаат примено само една доза. Освен тоа, сите млади кои ни починаа во изминатиов месец поради компликации од ковид-19 се невакцинирани, посочи министерот Филипче.

Истовремено, Филипче нагласи дека вакцините на Фајзер се препорачани и за децата од 12 до 18 години, но сега главно апелот е насочен за граѓаните над 18 години.

-Сакаме опфатот во оваа возрасна група сериозно да го зголемиме.Токму помладите се оние кои многу повеќе се социјализираат, но тие се и медијаторот и го шират вирусот. Затоа во четврток ќе биде отворен и пункт за вакцинациоја во рамки на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, рече Филипче.

Инаку, иако се уште се прават анализите, ќе има препорака за сите граѓани за примање на трета доза, односно бустер откако ќе поминат шест месеци по целосна вакцинација, а веќе е потврдено дека трета доза примаат граѓаните ќии имунолошки систем е компромитиран, ккао и оние кои имале трансплантации на органи.

Анита Буховски


Слично

Поврзани вести