Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

Автобускиот сообраќај во Скопје денеска е нормализиран, потврдува директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски, посочувајќи дека количините на нафта не се испорачани целосно, но испораката сега за сега е доволна.

- Нормализиран е јавниот превоз денеска. Сите линии сообраќаат, исто како и претходно, односно исто како пред да се појави проблемот со недостиг на горивото. Сите автобуси кои се во возна состојба редовно сообраќаат - рече Кушовски.

Прашан дали се испорачани сите количини на нафта, тој одговори дека не се испорачани целосно количините, туку се испорачуваат сукцесивно. Сепак, напомена, испораката сега за сега е доволна.

Јавниот превоз во Скопје изминатите два дена беше редуциран поради недостиг на нафта, односно беа пуштени околу триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие од кои 25 се на природен гас и уште неколку кои имаа резерви на нафта. Владата вчера на итна седница одлучи да прогласи кризна состојба и да му даде нафта за следните седум дена од државните резерви. 

Кушовски уште синоќа потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда и Ѓорче Петров и оти во текот на ноќта резервоарите на автобусите ќе бидат наполнети. 

За денеска во 14:00/14:30 часот се најавени јавни протести поради состојбата со превозот во градот. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, ги повика сите жители на протест, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ кои ќе се приклучат на протестот што ќе се одржи пред бараките на Град Скопје.  

Слично

Поврзани вести