Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ПАРИТЕ - власта уверува дека државните 6.000 денари ќе стигнат кај граѓаните, се преговара со банките за пролонгирање на рокот

СИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ПАРИТЕ - власта уверува дека државните 6.000 денари ќе стигнат кај граѓаните, се преговара со банките за пролонгирање на рокот

Ќе најде ли власта начин за државната помош од 6.000 денари да стигне до сите до кои е наменета. Деновиве кај некои граѓани се појавија такви стравувања, бидејќи вчера беше крајниот рок за префрлање на средствата, но Владата и банките сеуште преговараат за негово пролонгирање. Не се знае ниту дали продолжувањето  на рокот ќе се базира само на преговори или пак ќе мора да се менува Законот за државната помош, кој потоа ќе треба да ги помине собраниските филтри. 

А пред банкарските порти и вчера беше преполно со граѓани со блокирани сметки, или, пак, таквии кои воопшто ги немаат отворено, со цел да ги ажурираат податоците и да отворат нови сметки за да ги добијат средствата.

Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска уверуваше дека сите ќе ги добијат парите.

Власта ги разгледува и приговорите од 70 илјади граѓани кои се пожалиле дека им следи помошта, но ги нема на списоците.

Слично

Поврзани вести