Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите ја чекаат бројката на новозаразени, Филипче се пофали дека го избегнавме италијанското сценарио

Сите ја чекаат бројката на новозаразени, Филипче се пофали дека го избегнавме италијанското сценарио

Во очекување на целата јавност да ја соопшти новата точна бројка на новозаразени од коронавирус во земјава, министерот за здравство Венко Филипче тукушто на фејсбук соопшти дека сме успеале да го избегнеме италијанското сценарио. 

„Го избегнавме италијанското сценарио. Не бевме сведоци на долги редици на возила за брза помош бидејќи немало места за пациентите во болниците“, напиша на фејсбук министерот.

Тој додава дека вирусот нема да исчезне. 

„Треба да научиме да живееме со него и да ги почитуваме сите мерки за заштита. Ова не е само борба на здравствениот систем, ова е борба и на граѓаните“, пишува Филипче. 

А за денеска за 12.30 часот, како што веќе објави Фактор, Комисијата за заразни болести закажа состанок кој ќе се одвива во проширен состав. Ќе биде повикан вицепремиерот, како и претставници од Центрите за јавно здравје од другите градови.

За Фактор велат дека се уште не се знае што ќе предложат, но се оди на идеја во целиот процес да бидат вклучени и некои од верските луѓе, оџите, бидејќи дел од граѓаните одбиваат да се тестираат.

Инаку, според се уште неофицијалните информации, денешната бројка на новозаразени е највисока од почетокот на епидемијата во земјава и се шпекулира дека е над 100 новозаболени. 

Слично

Поврзани вести