Сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација да се пријават во амбасадата во Абу Даби
Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ) соопшти дека имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, ја информира јавноста дека во координација со властите во ОАЕ, активно се работи на финализирање на деталите околу организацијата на чартер летови за евакуација на македонските државјани.
„Ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а веќе не се пријавиле, во најкраток рок да се пријават на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби Телефон: +971 56 441 7532, Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk Безбедноста на македонските државјани останува наш највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за сите понатамошни чекори и услови за безбедна реализација на евакуацијата“, стои во соопштението.

Над 400 луѓе на Блискиот Исток контактирале со македонските амбасади.
foto Wikipedia
Слично
