Сите геоподатоци на интернет портал
Македонија ќе добие интернет портал каде што на едно место ќе бидат собрани сите геоподатоци од земјава. Денеска и утре, претставници од 17 институции во Македонија кои располагаат со ваков тип податоци ќе разменуваат искуства со експертите од ЕУ.
„Седумнаесет инститиуции треба да работат за 34 видови геопросторни податоци, кои ќе треба да се обединат во еден владин геопортал. Тоа ќе биде море од податоци кои ќе овозможат поефикасна работа на институциите, рече на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески на отварање на работилницата организирана во рамки на проектот „Инспиратион“.
Проектот во овој момент предвидува создавање национална инфраструктура на просторни податоци, но во иднина се размислува и на ширење на регионално ниво, појаснува менаџерот Фраиц Кроис.
„Кога станува збор за собирање податоци, како на пример за националните паркови и нивна заштита од пожари, навистина е потребно да се соработува прекуграничо. Сепак тоа е се уште рано да се направи, сега зборуваме за национални инфраструктури на просторни податоци“, вели Кроис. Проектот предвидува пренесување на европското законодавство од оваа област и собирање на податоците. Создавањето на националната инфраструктура на просторни податоци е збир на мерки, норми и услуги кои треба да овозможат квалитетно водење, размена и користење на геореференцираните просторни податоци и преку нив да се овозможи економски развој, квалитетна животна средина, стабилност и социјален прогрес.
Слично
