„СИТЕ ДРЖАВНИ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО“: се огласи Министерството за транспорт 'зимската опрема е задолжителна'
- Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот - се посочува во соопштението испратено до медиумите од страна на Министерството за транспорт.

Во него се додава дека во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
- Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот - е нагласено на крајот од соопштението.

