Сите државни институции да ја користат универзалната услуга на АД Пошти
Има задолжение до сите државни институции да ја користат универзалната услуга на АД Пошти, соопштија од Владата по одржаната 97-ма седница.
Владата, во согласност со донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31 декември 2023 година, а со цел подобрување на финансиското работење на АД Пошта на Република Северна Македонија, ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Северна Македонија, во согласност со измените на Законот. Владата им препорача на сите општини и Град Скопје да ги користат услугите на АД Пошта на Република Северна Македонија.
Слично
