СИТЕ ДЕТАЛИ: Што пишува во иницијативата на Петров за нов референдум
„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“, е прашањето кое се предлага да биде референдумско прашање. Овластен предлагач на граѓанската иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 граѓани е Тодор Петров. Ако се соберат треба да се организира дополнителен референдум со ова прашање.
Собранието веќе го објави материјалот, а предлогот помина претпладнево во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Сега е на дневен ред на Законодавно-правна комисија.
Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна“, се пропишува во членот 73 од Уставот, на кој упатува Предлогот. Целиот текст на материјалот овде.
