Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИТЕ БАЈДЕНОВЦИ СЕ СЕГА ТРАМПОВЦИ“: Ванковска за денешната победа на поранешниот претседател на САД „останува Империја на хаосот“

„СИТЕ БАЈДЕНОВЦИ СЕ СЕГА ТРАМПОВЦИ“: Ванковска за денешната победа на поранешниот претседател на САД „останува Империја на хаосот“

Кога читаш како сите се престојуваат и ептен среќни со Трамп, сфаќаш колку е (гео)политиката ослободена од морал, идеологија, принципи… Сите Бајденовци се сега Трамповци, ама САД останува Империја на хаосот. Само нека паднат конфетите на земја…

Ова го напиша денеска професорката Билјана Ванковска, секако како реакција на денешната победа на Доналд Трамп на изборите во САД за претседател, со што по втор пат ќе биде претседател на земјата.

- Македонија (ДПМНЕ и Претседателката) желно дочекаа да воспостават поблиски економски врски со трамповата корпоративна империја, надевајќи се на трошки.

Јас ќе го променам ставот тогаш кога НАТО ќе се повлече од Украина, а САД ќе престане да го поддржува злосторникот Нетанјаху - напиша Ванковска на Фејсбук. 


Слично

Поврзани вести