Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите анкети ја утнаа, најточна таа на ТВ21

Сите анкети ја утнаа, најточна таа на ТВ21

Рејтинг агенциите го промашија исходот на референдумот, кога станува збор за излезеноста за граѓанско изјаснување, бидејќи сите што се сметаа за релевантни според резултатите од истражувањата покажаа дека ќе има цензус, па дури и над 60-отстотен.

Анкетата од 7. август годинава на М-Проспект која ја нарачал МЦМС покажала дека дури 66 отсто од анкетираните граѓани ќе излезат на изјаснувањето.

На 14 август Меѓународниот институт ИФИМЕС од Љубљана прогнозирал излезност на референдумот од 63 отсто.

Во тој период и анкетата на Институт за политички студии покажала дека 43,2 отсто ќе гласаат „за“ а 22 отсто „против“ и дека 22 отсто ќе „бојкотираат“.

Кон крајот на август Институт за демократија и МЦМС од 57,8 проценти од анкетираните добиле одговор дека ќе излезат на гласачките места. 

Најточна, односно најблиску според бројот на излезност, се покажа истражувањето на телевизија ТВ 21 од 24. септември, што прогнозираше излезност од 50,25 проценти.

Според последни податоци кои ги соопшти ДИК, до 18. 30 часот на референдумот гласале само 34,72 отсто од граѓаните на Македонија.


Слично

Поврзани вести