Сите 44 Авганистанци кои вчера стигнаа се негативни на коронавирусот
44-те Авганистанци кои вчера пристигнаа во земјава се негативни на коронавирусот, потврдија од Владата.
Ова е втора група на Авганистанци која е дел од меѓународната организација „Тиркиз моунтејн“, основана во 2006 година од страна на принцот Чарлс.
Дополнително, оваа организација реставрираше повеќе од 150 историски објекти, третираше околу 165 илјади пациенти во клиниката во Кабул, отвори и поддржа повеќе од 50 мали бизниси во Авганистан, Мјанмар, и други активности. Лицата ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците и за оваа група ќе бидат целосно покриени од меѓународните организации. Во првата група имаше 149 лица.Бегалци од Авганистан има во Косово и Албанија.
Слично
