Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИТЕ ДОКАЗИ ЗА ОДГОВОРНОСТ, ЗЛОУПОТРЕБА И ЗАГРОЗУВАЊЕ НА МЛАДИ ЖИВОТИ УПАТУВААТ КОН ЛАВЧЕТО И БЕЛАТА ПАЛАТА“: Костова со реакција по објавата на ИРЛ

„СИТЕ  ДОКАЗИ ЗА ОДГОВОРНОСТ, ЗЛОУПОТРЕБА И ЗАГРОЗУВАЊЕ НА МЛАДИ ЖИВОТИ УПАТУВААТ КОН ЛАВЧЕТО И БЕЛАТА ПАЛАТА“: Костова со реакција по објавата на ИРЛ

„Дека угостителските објекти на газда Деко биле попатна станица на секој предизборен караван на ДПМНЕ е општо познат факт за кочанската јавност.

Дека Дуци и Ж’ти се лепенки на Иван Јорданов и големи активисти на ДПМНЕ е општо познат факт за штипската јавност.

Дека Мицкоски и ДПМНЕ се обидуваат на секој начин да спречат да се испорача правда за најголемата трагедија во историјата на самостојна Македонија е општо познат факт за македонската јавност.

Во оваа работа, муабетот „сите се исти“ не може да им пројде.

Ниту обидите за дефокус преку некаква си „верига“, ниту силните притисоци и уцени врз Обвинителството, ниту која било режимска тактика применета од ДПМНЕ за замолчување и заплашување, нема да ја сокријат вистината.

А, вистината е болна колку што е сурова“.
И сите докази за одговорност, за злоупотреба и за загрозување на млади животи, упатуваат кон лавчето и Белата Палата.

За вакви недвосмислени докази на длабоко вкоренета, партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот.

Кај нас е само обична, дождлива недела“, напиша таа.


Слично

Поврзани вести