Систина за Панчо: Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета…
Oд болницата Аџибадем Систина се збогуваат со Владимир Блажев - Панчо, пејачот од ДНК кој почина откако со месеци се лекуваше од повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета… Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја… Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе … Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме…“, пишуваат од болницата.
Во пожарот во март годинава загинаа 62 луѓе, а имаше и скоро 200 повредени млади луѓе.
Слично
