„СИСТЕМСКИ ПАРАЗИТИ КОИ БЕСРАМНО ГИ ЦИЦААТ НАРОДНИТЕ ПАРИ ЗА ВРЕМЕ НА РЕКОРДНА СИРОМАШТИЈА“: Левица распали за апанажите
По објавата дека се зголеми бројот на пратеници од претходниот собраниски состав кои бараат и ќе добијат апанажа во следната година, остара реакција денеска пристигнува од политичката партија „Левица“.
Ти посочуваат дека откако пред две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година, на 29 пратеника од минатиот парламентарен состав, кои на товар на граѓаните, од народниот буџет ќе примаат надоместок од околу 600.000 евра, сега има и нови пратеници.
- На овие 29 системски паразити, кои бесрамно ги цицаат народните пари за време на рекордна сиромаштија, деновиве им се приклучуваат уште седум пратеници од претходниот состав: Арбен Зибери, Вјолца Адеми и Бедри Фазли од ДУИ, Снежана Калеска - Ванчева и Љатифе Шиковска од СДСМ, Енес Ибрахим од Партија за движење на Турците и Бастри Бајрами од Беса, со што дополнително ќе се исцицаат над 150.000 евра од народниот буџет - објавија од „Левица“ на нивниот Фејсбук профил.
Истакнуваат дека ова претставува „последниот од долгата низа на показатели за еклатантна класна дискриминација во македонското општество, во коешто системот функционира, единствено, за задоволување на потребите на богатите економски и политички елити, додека нормално четиричлено семејство не може да ја задоволи ниту минималната синдикална кошничка од 1000 евра“.
- Ја потсетуваме јавноста дека, единствено, пратеникот од редовите на Политичката партија #Левица, Борислав Крмов, кој согласно нашата програма и идеолошка определба, како и нашиот предлог-закон за укинување на апанажата предложен уште во 2022 година, а кој беше одбиен од страна на широката коалиција СДС-ДПМНЕ-ВЛЕН-ДУИ, беше единствениот народен пратеник кој гласаше ПРОТИВ - посочуваат од „Левица“.
Еве ја нивната објава:
