Економија, финансии, бизнис

Контакт

Системот за лични документи на МВР надвор од употреба

Системот за лични документи на МВР надвор од употреба

Системот на Министерството за внатрешни работи за издавање документи за идентификација во моментов наводно не е во функција.

Некои лица кои веќе се пријавиле и имаат закажан термин од претходно, на социјалните мрежи реагираат дека не можеле да бидат фотографирани за лични документи и покрај тоа што веќе биле распоредени од МВР.

Граѓаните се жалат и дека имаат проблем да го испочитуваат рокот за личните документи, бидејќи никој од МВР не им се јавува.

Системот бил одблокиран по еден час, време за кое не можеше да се мине низ процедурата за вадење на патни исправи.


Слично

Поврзани вести