„СИСТЕМОТ ГИ БРАНИ НАПАЃАЧИТЕ“: Арсовска по пресудата
Бројни реакции низ медиумите и социјалните мрежи по судкста одлука за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Самата градоначалничка првично ја нарече пресудата победа, но потоа потсети дека осудениот се однесувал несоодветно бидејќи го штител системот.
- Цинично, со исмевање на судот и јавноста Командант Барути Љамалари, до последен момент, уверен беше дека нема да му следи казна, пласирајќи приказна дека е тепан.
Најбизарен беше моментот кога неговата адвокатка ги започна со обид за заплашување и влијание врз судот своите завршни зборови, со користење на изјава од Министерот за внатрешни работи Тошковски, дека напаѓачот бил жртва.
Запаметете ја оваа мудра министерска мисла “НАПАЃАЧОТ БИЛ ЖРТВА”. Затоа има фемициди, затоа жените кои се жртви на насилство не можат да се изборат со системот, бидејќи системот ги брани напаѓачите - напиша Данела на Фесјбук.
