Сиромаштијата и политиката ги коси Македонците-Стануваме се подепресивен народ
Депресијата ги коси граѓаните.
Се повеќе Македонци се склони на хроничен стрес а најголем виновник за тоа според лекарите е сиромаштијата и невработеноста.
Високи 40 отсто се зголемила бројката на депресивни граѓани само во последните пет години.
Податоци кои ги загрижија невропсихијатрите кои велат дека овој проблем мора да се реши.
Невропсихијатарот Антони Новотни за ТВ 24 вели дека Македонија тоне во хроничен стрес кој пак влијае на нашиот мозок, но влијаат и надворешните стресогени фактори, работните односи и начинот како успеваме да издвоиме време за задоволство .
Директорот на институт за јавно здравје Шабан Мемети посочува дека повеќе од 80% од лицата кои живеат со депресија се во земјите со нисок и среден животен стандард. Тука се вбројува и нашата земја.
Стручните статистики за се поголем број на депресивни граѓани, се согласуваат и самите граѓани кои велат дека политиката која навлегла длабоко во секој корен на земјава и се поголемата сиромаштија се најголеми виновници за несреќниот народ.
