Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сирија беше пример за култура и образование во тој регион“: Латас со посебна порака „чувајте ја својата држава“

„Сирија беше пример за култура и образование во тој регион“: Латас со посебна порака „чувајте ја својата држава“

И официјалано, од денес престана да постои уште една арапска држава, Сирија.

Името не и се брише, но државноста како таква е избришана и следат грабања кој дел ќе биде под турска, која под американска а кој дел под контрола на Курдите… Војната таму не е завршена, Либија добро го знае тоа, а и Ирак го живее. Џихадистите не знаат право и економија за да водат држава.

Ова денеска на Фејсбук го сподели новинарот Драган Павловиќ Латас. 

- Сирија беше пример за култура и образование во тој регион. Беше…

Падот почна со корупција на елитата, сиромаштија на народот кој загуби мотив да ја брани сопствената сиромаштија и хаос и кој како таков стана лесен плен на пропагандата и екстремната верска идеологија.

Христијаните и Алавитите се протеруваат од Дамаск и другите градови, вооружените банди, сега кога нема заеднички непријател, ќе почнат да се борат меѓу себе. Хаосот продолжува во недоглед.

Наравоучение: чувајте ја својата држава, никој од надвор не донел ништо добро. Секоја држава има свои луѓе за решение на проблемите, препознајте ги и подржете ги - напиша Латас на Фејсбук. 

Фото: Притнскрин/Х 


Слично

Поврзани вести